• среда, 25 декември 2024

Либан повторно ги отвори џамиите и црквите

Либан повторно ги отвори џамиите и црквите
Бејрут, 10 мај 2020 (МИА) - Либан, по речиси два месеца карантин, повторно ги отвори џамиите и црквите, под услов верниците да ги почитуваат мерките за физичка дистанца и ограничување на бројот на луѓе во нив. Пред да влезат, на верниците им се мери температура, а задолжителна е и дезинфекција на рацете. Либан е земја со најголем процент христијанско население на Блискиот исток - од пет милиони луѓе кои живеат во оваа земја, третина се христијани. Според универзитетот Џонс Хопкинс, од почетокот на епидемијата во Либан има 809 случаи на заразени со Ковид-19, а починати се 26 лица. паг/

Остани поврзан