Либан и Сирија постигнаа договор за прекин на огнот по крвавите погранични судири
- Министрите за одбрана на Либан и Сирија, Мишел Манси и Мурхаф Абу Касра, постигнаа договор за прекин на огнот по дводневните трансгранични судири, објавија министерствата за одбрана на двете земји.

Дамаск, 18 март 2025 (МИА) - Министрите за одбрана на Либан и Сирија, Мишел Манси и Мурхаф Абу Касра, постигнаа договор за прекин на огнот по дводневните трансгранични судири, објавија министерствата за одбрана на двете земји.
Во конфликтот загинаа тројца војници од новоформираната сириска армија и седум либански граѓани, а најмалку 52 лица се повредени, соопшти либанското Министерство за здравство.
Границата меѓу двете земји е жариште на тензии по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад пред три месеци. Асад беше сојузник на Иран и на либанската вооружена група „Хезболах“, која сега е обвинета за вклученост во убиството на тројца сириски војници. Групата ги демантира обвинувањата.
Во меѓувреме, сириската армија испрати засилувања кон границата, вклучувајќи тенкови и пешадија. Либанската армија, пак, возврати на гранатирањето од сириска територија и распореди дополнителни трупи во областа.ссм/
фото: Википедија