ЛЕ: Леверкузен ја сруши Рома на „Олимпико“, Аталанта ремизираше на „Велодром“
- Екипата на Баер Леверкузен направи сериозен чекор кон финалето на Лига Европа. „Аспирините“ ја совлада Рома со 2:0 како гостин во првиот полуфинален натпревар меѓу двата тима.

Рим, 2 мај 2024 (МИА) - Екипата на Баер Леверкузен направи сериозен чекор кон финалето на Лига Европа. „Аспирините“ ја совлада Рома со 2:0 како гостин во првиот полуфинален натпревар меѓу двата тима.
Флоријан Вирц ги доведе „аспирините“ во водство со гол во 28. минута, а конечниот резултат го оформи Роберт Андрич со прекрасен гол во вториот дел.
Така избраниците на Чаби Алонсо имаат солидно водство пред реваншот во Германија на 9 мај.
Екипите на Марсеј и Аталанта одиграа со резултат 1:1 во првиот полуфинален натпревар меѓу двата тима. Така, исходот останува за реваншот кој ќе се одигра на 9 мај во Бергамо.
Двата гола на натпреварот беа постигнати во првото полувреме. Во 11. минута Копмајнерс нафрли на Џанлука Скамака, а напаѓачот со удар во долниот лев агол го совлада противничкиот голман.
Во 20. минута Кондогбија го пронајде Шансел Мбема кој постигна одличен гол со удар од далечина. Топката удри и во левата странична статива пред да заврши во мрежата на италијанците.
Во вториот дел немаше голови и натпреварот заврши нерешено. дс
Фото: УЕФА