• сабота, 23 ноември 2024

Ле Дриан ја осудува „историската манипулација“ на Русија за Втората светска војна

Ле Дриан ја осудува „историската манипулација“ на Русија за Втората светска војна
Париз, 3 мај 2022 (МИА) - Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан ја осуди руската „историска манипулација“ по забелешките на рускиот министер за надворешни работи за наводната „еврејска крв“ на Хитлер, јави  дописникот на МИА од Париз.
„Украинскиот претседател Володимир Зеленски го изнесе овој аргумент: како може нацизмот да биде присутен (во Украина) ако тој самиот е Евреин. Може да грешам, но Хитлер имаше и еврејска крв“, изјави Сергеј Лавров во неделата вечерта во интервју за италијанските медиуми. Наводната „еврејска крв“ на Хитлер е теорија на заговор која историчарите ја третираат со скептицизам.
„Историската манипулација со злосторствата од Втората светска војна од страна на Сергеј Лавров и неговото Министерство е одвратна. Ја осудувам оваа неприфатлива и одвратна реторика. Ќе продолжиме да се бориме против руските дезинформации за војната во Украина“, напиша Жан-Ив Ле Дриан на Твитер. тг/паг/

Остани поврзан