• сабота, 16 ноември 2024

Лефков: Власта го уназадува образованието, учебниците се штури

Лефков: Власта го уназадува образованието, учебниците се штури

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска во Пробиштип одржа дебата „Важно е да имаме квалитетно образование“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Пратеникот Миле Лефков посочил дека власта не се грижи за образовниот систем.

-Од власта воопшто не се грижат за образовниот процес, затоа што компетенциите кои треба да ги добијат тие ги добиваат во нивните партии, а гледате дека тие партии функционираат како компании, мини здруженија. Видовме дека се полагаа правосудни испити без да биде завршен или нејасно е кога бил завршен факултетот. Потенцијалот за криминал ги надминува комптенциите и на тој начин се одлучува кој каде ќе биде вработен, на која функција ќе седне, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска во Пробиштип на дебатата насловена „Важно е да имаме квалитетно образование“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените, истакнал тој.

Како што информираат од партијата, Лефков посочил дека учебниците се штури, недоволно обработени.

- Ние знаеме дека светот се трансформира, треба да се запрашаме како нашите деца ќе фатат чекор со тој свет ако не постои образование? Дали тоа ќе го добиеме преку телевизија? Не. Начинот за да постигнеме стандард и економија на ЕУ е растот на БДП, а единствениот начин да дојдеме до светските културни, научно технолошки текови е да си го унапредиме образованието. Ова што ни го напаѓаат образованието и овие сите неприлики се поради тоа што најлесно е кадрите да ги бираат на партиски начин, а се што е вредно да биде понижено, изјави Лефков.

Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука, посочила дека министер за образование кој што не може да обезбеди средства за да испечати книга треба веднаш да си даде оставка.

-Зошто ги укинаа книгите? Затоа што беа свесни дека ниту ќе можат да се креираат книги според нивната концепција, ниту имаа желба да направат нешто за да го подобрат образованието во Македонија. И затоа што немаа де факто пари бидејќи ги потрошија парите на се и сешто, и тоа го призна следниот министер за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој јавно на телевизиска емисија во која учествува и јас, тој кажа дека нема пари за учебници, истакнала таа.

Јаневска сметка дека професијата наставник била понижена кога власта ги приморала наставниците да штрајкуваат за опстанок. свс/нд/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан