• петок, 05 декември 2025

Лесна задача на Бутел на стартот од Европскиот куп на ЕХФ

Лесна задача на Бутел на стартот од Европскиот куп на ЕХФ

Виена, 15.јули 2025 (МИА) - Ракометарите на Бутел, кои оваа сезона ќе имаат настап во Европскиот куп на ЕХФ во првата рунда за ривал го добија тимот на Дуделанж од Луксембург на денешното извлекување кое се одржа во Виена. Првиот натпревар на 6/7.септември ќе се игра во Луксембург, додека реваншот е на 13/14.септември во Скопје. Доколку ја мине првата пречка Бутел во следното коло ќе игра против Раховец од Косово.

Поради подобриот рејтинг ГРК Тиквеш и ГРК Охрид ќе го „скокнат“ првото коло.

Амбициозниот проект на ГРК Охрид за ривал во втората рунда ја доби екипата од Азербејџан, Баку. Првиот дуел се игра во Баку, а реваншот во Охрид. Најтежок ривал доби тимот на ГРК Тиквеш, кој ќе игра против првакот на Турција Бешикташ. Првиот дуел се игра во Истанбул, а реваншот во Кавадарци.

Првите натпревари се играат во терминот 11/12.октомври, а реванш дуелите на 18/19.октомври.   мн/

Фото: МИА

Остани поврзан