Лерој Сане е уверен дека неговото место во германската репрезентација не е загрозено по неговиот трансфер во Галатасарај
- Крилниот напаѓач Лерој Сане е уверен дека неговото место во германската репрезентација не е во опасност по неговиот трансфер од Баерн Минхен во Галатасарај, пренесоа германските медиуми.

Минхен, 13 јуни 2025 (МИА) - Крилниот напаѓач Лерој Сане е уверен дека неговото место во германската репрезентација не е во опасност по неговиот трансфер од Баерн Минхен во Галатасарај, пренесоа германските медиуми.
Сане рече дека ќе има многу можности да „настапува на високо ниво“ во тимот на турскиот шампион, а неговата голема цел е да биде дел од германскиот тим за Светското првенство следната година.
-Морам да настапувам силно и дефинитивно сакам да бидам на Светското првенство во 2026 година. Ја разбирам дискусијата, но треба да почекаме и да видиме. Станав апсолутен број 1 во Турција и сакам да преземам апсолутна лидерска улога. Ќе играме во Лигата на шампионите и имаме амбициозни цели таму, изјави Германецот.
Лерој Сане (29) има 70 настапи за Германија. Тој потпиша со Галатасарај во четврток по пет години поминати во Минхен, каде што неговиот договор истече на 30 јуни, а преговорите за негово обновување пропаднаа.
Сане, исто така, рече дека неговиот однос со селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, му е важен.
-Го ценам овој однос досега и сум убеден дека ќе продолжи да биде така, увери крилниот напаѓач. дс
Фото: Принтскрин