• петок, 26 јули 2024

Леонардо: Никогаш не сме контактирале со Зидан или со некој друг

Леонардо: Никогаш не сме контактирале со Зидан или со некој друг
Париз, 3 март 2022 (МИА) – Спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Леонардо го сподели своето мислење за можното назначување на Зинедин Зидан за главен тренер на клубот. - Покетино има уште една година од договорот. Да бидам искрен, никогаш не размислувавме за промена на тренерот. Никогаш не сме контактирале со Зидан или со некој друг. Пред да дојде овде, Покетино беше еден од најдобрите пет тренери и сЕ уште е. Дали Покетино е среќен во Париз? Да. Мислам дека можеби имаше моменти на сомнеж, но никогаш не побара да си замине. Немам проблем со Покетино. Ние сме многу искрени за сето ова, изјави Леонардо за „АС“. Пари Сен-Жермен води на табелата во Француското фудбалско првенство со добра со 62 бода од 26 натпревари во Лига 1. Покетино го презеде ПСЖ во јануари 2021 година, на местото на Томас Тухел. Неговиот договор е со важност до летото 2023 година. зс/

Остани поврзан