• сабота, 23 ноември 2024

Леклер казнет со три позиции за ГН на Абу Даби

Леклер казнет со три позиции за ГН на Абу Даби
Манама, 6 декември 2020 (МИА) - Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заработи казна за инцидентот на вечерашната трка во Бахреин за Гран при на Сакир. Тој предизвика негово и излетување од патеката на Макс Верстапен од Ред Бул. За двајцата пилоти трката заврши уште во првиот круг. Според „Motorsport.com“ Леклер ќе изгуби три позиции на трката за ГН на Абу Даби, последниот натпревар сезонава во Ф1 шампионатот. Леклер доби и два казнени поени од судиите, со што вкупниот број на казнени поени доделени на Моначанецот во последните 12 месеци се зголеми на три. На трката за ГН на Сахир победи Серхио Перез од Рејсинг Поинт. зс/

Остани поврзан