• понеделник, 23 декември 2024

Легенда на Борусија Дортмунд го презеде тимот

Легенда на Борусија Дортмунд го презеде тимот

Дортмунд, 14 јуни 2024 (МИА) - Германскиот тим Борусија Дортмунд и официјално го назначи својот поранешен фудбалер Нури Сахин за тренер.

Триесет и пет-годишниот поранешен играч од средниот ред го наследува Еден Терзиќ, кој минатата сезона го предводеше тимот од Вестфален до финалето во Лигата на шампионите.

Лично двајцата спортски директори на „жолто-црните“ – Ларс Рикен и Себастијан Кел, го објавија назначувањето на Шахин, кој парафираше договор со клубот до летото 2027 година.

-За мене е голема чест да бидам тренер на Борусија Дортмунд. Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот што ме избраа мене. Се радувам на мојата работа во клубот. Од првиот ден ќе дадеме се од себе и ќе ја вложиме целата наша енергија и страст за да постигнеме максимален успех, изјави Нури Шахин.

Турчинот одигра 274 натпревари и постигна 26 гола за Борусија Дортмунд во текот на неговата професионална кариера. Тој беше шампион со клубот во 2011 година, а шест години потоа го освои и Купот на Германија.

Од 2021 до 2023 година беше тим менаџер на Анталијаспор, а во 2024 година се врати во Дортмунд како помошник тренер. дс

Фото: Фејсбук/Борусија Дортмунд

Остани поврзан