• сабота, 23 ноември 2024

Лев: Рудигер даде се од себе за да го напушти Челси

Лев: Рудигер даде се од себе за да го напушти Челси
Лондон, 7 октомври 2020 (МИА) - Селекторот на Германија, Јоаким Лев откри дека Антонио Рудигер дал се од себе за да го напушти својот клупски тим Челзи ова лето. 27-годишниот играч не играше за „сините“ од почетокот на сезоната, а ако ова продолжи, тешко ќе биде подготвен за претстојното Европско првенство. Од истата причина, Рудигер ќе се обиде повторно да ја смени клупската припадност во јануари. Милан, Рома и Тотенхем беа заинтересирани за него, но не беше постигната договор. - Бев во постојан контакт со Тони, кој ме држеше во тек со настаните. Имаше три или четири опции, но за жал ниту една не се оствари. Тој ќе се обиде повторно во јануари. Може да се претстави одлично дури и кога не играше неколку недели. Тој даде се од себе за да го напушти Челси, бидејќи Европското првенство е многу важно за него. Тој прави се што може за да остане во најдобрата можна форма, изјави Лев.

Тагови

Остани поврзан