Левица поднесе барање за ревизија на 26-катницата во Карпош и забрана за издавање градежни дозволи
- Денес, советничката група на Левица во Општина Карпош, поднесе две предлог одлуки, кои се однесуваат на просторот на Деталниот урбанистички план З 05. Токму во рамките на овој ДУП, се наоѓа с
Скопје, 14 јуни 2022
Денес, советничката група на Левица во Општина Карпош, поднесе две предлог одлуки, кои се однесуваат на просторот на Деталниот урбанистички план З 05. Токму во рамките на овој ДУП, се наоѓа спорната парцела на која се предвидува 26-катница, а која беше дел од препукувањата помеѓу Јакимовски и ДПМНЕ.
Бидејќи и двата политички субјекта најавуваа дека ќе иницираат постапка за спречување на изградбата на ова монструозно здание, а досега не го направија тоа, ние како советничка група се одлучивме на овој чекор.
Овие две предлог-одлуки се однесуваат на иницирање на ревизија на овој Детален урбанистички план, како и забрана за издавање на градежни дозволи и стопирање на сите отпочнати градежни активности во рамките на овој урбанистички план.
Поаѓајќи од потребите на Карпошани, но и од претходно најавеното, очекуваме за овие предлог-одлуки да гласаат ДПМНЕ и ГРОМ, со што ќе се обезбеди мнозинство за изгласување и конечно одвратување на бизнис интересите од Општина Карпош.
Мартин Димоски, советник на Левица во Општина Карпош
Политичка партија Левица
———————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.