• сабота, 23 ноември 2024

Левица: Одговорност за грозоморното убиство во Кочани!

Левица: Одговорност за грозоморното убиство во Кочани!

25 септември 2023 

За жал, пречесто сме сведоци на фемициди кои се шокантни за целата македонска јавност. Последната трагедија во Кочани открива сериозни проблеми во системот за заштита на жените жртви на насилство и треба да биде предмет на детално истражување и размислување од страна на надлежните органи. Континуирано се случуваат пропусти од институциите кои мора да се грижат за жените кои бараат помош.

Сите надлежни лица кои биле одговорни за заштитата на жртвата треба да се истражат и да се донесе соодветно решение. Полицијата и јавното обвинителство треба да работат во соработка за обезбедување на безбедноста на жртвите на семејно насилство со многу посериозен пристап, наместо несериозноста која ја имаат во случаите кога жените во континуитет пријавуваат семејно насилство и да не дозволат да се случат слични трагедии во иднина. МВР и ОЈО мора да престанат да ги штитат насилниците!

Прашањата кои се поставени треба да бидат истражени соодветно од страна на надлежните органи и институции. Најважното е да се осигура безбедноста и справедливоста за сите граѓани и да се превенираат вакви грозоморни убиства и насилства во иднина.

Левица бара од надлежните институции, вклучително и од Оливер Спасовски, да одговорат пред јавноста како дошло до убиство на жртвата и покрај сите пријави, и што конкретно ќе презема со цел подобрувањето на системот за заштита на жртвите и превенција на семејно насилството. Бараме да се идентификуваат пропустите, како и одговорност од лицата кои биле должни да постапат!

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан