• сабота, 28 декември 2024

Лајпциг ќе добие службен пораз доколку на Ливерпул не му биде дозволен влез во Германија, или не обезбеди неутрален терен

Лајпциг ќе добие службен пораз доколку на Ливерпул не му биде дозволен влез во Германија, или не обезбеди неутрален терен
Лајпциг, 3 февруари 2021 (МИА) – Раководството на бундеслигашот Лајпциг работи на тоа да не се одложи првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите што треба да го игра на домашен терен против Ливерпул. Германскиот клуб доставил барање до властите во земјата да им се дозволи специјален влез во Германија на тимот од Мерсисајд. Германската влада ги забрани летовите со Велика Британија до 17 февруари, поради ширењето на новиот вид на коронавирус. Доколку германската влада не му даде соодветно одобрение на Ливерпул, Лајпциг мора да ја извести УЕФА до 8 февруари на полноќ, а потоа да понуди неутрален терен во земја, каде и двете екипи можат лесно да влезат. Доколку Ливерпул не може да стигне до Германија, а Лајпциг не најде друго место за средбата, германскиот тим ќе биде казнет со технички пораз со резултат 0:3. зс/

Остани поврзан