• среда, 27 ноември 2024

Ласо неочекувано ја напушти клупата на Баерн

Ласо неочекувано ја напушти клупата на Баерн


Минхен, 28. јуни 2024 (МИА) – Кошаркарскиот клуб Баерн Минхен и тренерот Пабло Ласо постигнаа договор за прекин на соработката, соопшти денеска германскиот клуб.
Според извештаите, Ласо побарал да го напушти клубот поради семејни причини.
„Одлуката на Пабло беше неочекувана, но ние го почитуваме како тренер и како личност и сакаме да му се заблагодариме за неговата работа и големата посветеност во изминатата, успешна сезона. Му посакуваме се уште најдобро на Пабло во иднина, тој секогаш ќе биде поврзан со нас, не само поради двојната круна“, изјави генералниот директор на Баерн, Марко Пешиќ.
Ласо (56) во првата сезона од двегодишниот договор, го предводеше Баерн до шампионската титула во Германија и трофејот во националниот куп, додека германскиот клуб во Евролигата забележа 13 победи и 21 порази.
Пред Баерн, Ласо беше на клупата на Реал Мадрид од 2011 до 2022 година, освојувајќи две титули во Евролигата (2015 и 2018 година). ег ФОТО: Икс

Остани поврзан