• вторник, 24 декември 2024

Лаказет може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија

Лаказет може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија

Џеда, 21 март 2024 (МИА) - Напаѓачот на Олимпик Лион, Александре Лаказет би можел да ја продолжи кариерата во лигата на Саудиска Арабија, пренесе „Екип“.

Според изворот, за играчот се заинтересирани неколку саудиски клубови.

Лион, пак, не сака да се раздели со 32-годишниот играч. Неговиот договор со францускиот тим е до летото 2025.

Во оваа сезона напаѓачот одигра 25 натпревари, постигна 14 гола и даде 2 асистенции.

Вредноста на Лаказет се проценува на 10 милиони евра. дс

Фото: Архива

Остани поврзан