• среда, 27 ноември 2024

Лавров: Кина би можела да организира руско-украинска мировна конференција

Лавров: Кина би можела да организира руско-украинска мировна конференција

Моква, 30 мај 2024 (МИА) - Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Лавров рече дека таквиот потег ќе биде продолжение на напорите на Пекинг за решавање на украинската криза.

-Ние го делиме ставот (на Кина) дека треба првенствено да се решаваат основните причини за конфликтот и да се заштитат правните интереси на сите страни, со последователни договори засновани на принципот на еднаква и неделива безбедност, рече Лавров во интервју за руски медиуми.

Тоа, како што нагласи, „подразбира почитување на реалноста на теренот, која ја одразува волјата на луѓето кои живеат таму“.

Русија постојано повикува на преговори под услов Киев и Западот да ги признаат нејзините територијални придобивки во Украина. Киев ги отфрла тие предлози. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан