• сабота, 27 јули 2024

Курц: Северна Македонија сработи одлично на патот на евроинтеграциите

Курц: Северна Македонија сработи одлично на патот на евроинтеграциите
Скопје, 18 јуни 2021 (МИА) - Северна Македонија сработи одлично на патот на евроинтеграциите, напиша денеска на твитер австрискиот канцелар Себастијан Курц, по средбата со премиерот Зоран Заев на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена. Според канцеларот Курц, потребно е да се исполнат ветувањата и брзо да се започнат пристапните прегоговори. -Ние мора сега да ги одржиме нашите ветувања и брзо да ги започнеме пристапните преговори, пишува на твитер канцеларот Курц.бт/дма/

Остани поврзан