• среда, 27 ноември 2024

Куман: Суарез можеше да остане во Барса и да докаже дека не сум во право, но реши да си замине

Куман: Суарез можеше да остане во Барса и да докаже дека не сум во право, но реши да си замине
Барселона, 11 октомври 2020 (МИА) – Тренерот на Барселона, Роналд Куман го сподели своето мислење за трансферот на напаѓачот Луис Суарез од каталонскиот клуб во Атлетико Мадрид,
  • На Суарез му стана многу потешко да влезе на теренот уште од првите минути и го информирав за тоа. Тешко му беше, но никогаш немав проблеми со него. Тој тренираше добро. На крајот, Луис донесе одлука да замине, а јас реков: „Ако не заминеш од која било причина, тогаш ќе бидеш дел од овој тим и ќе можеш да докажеш дека не сум бил во право“. Да, тој можеше да остане, истакна Куман.
Се однесував добро со Луис, но клубот сметаше дека ни треба подмладување. Сега е навистина забележливо. Игра Ансу Фати, тој има 17 години. Го имаме Педри исто така 17-годишен, Араухо има 21 година. Тринкау има 20 години. Го зедовме Сержињо Деста, кој има 19 години. Сите тие се играчи на иднината, смета холандскиот стручњак. зс/

Остани поврзан