• сабота, 23 ноември 2024

Кумановскиот театар ќе гостува во Штип со две претстави

Кумановскиот театар ќе гостува во Штип со две претстави

Куманово, 8 февруари 2023 (МИА) - Кумановскиот театар утре и во сабота гостува во театар Штип со две театарски претстави, „Драма изгубена во времето“ и „Секс и лаги“, соопштија денеска надлежните од НУЦК „Трајко Прокопиев“. Претставите ќе се играат во 20 часот на сцената на театар Штип, кој годинава одбележува 100 години од основањето.

- По повод 100 години од формирање на Театар Штип чие одбележување се паѓа во 2023 година поканети сме како Театар Куманово да гостуваме во тамошниот Театар. Штипската публика ќе има можност да погледне две театарски претстави во продукција на Театар Куманово и тоа во четврток претставата „Драма изгубена во времето“ на режисерот Владлен Александров каде играат актерите: Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ и Александра Пешевска, драматизација на Симона Тоскиќ, а костимите се на Кети Стефковска додека во сабота на повторно барање на штипската публика ќе се одигра претставата „Секс и лаги“ на режисерката Драгана Таневска каде играат актерите: Александра Михајловска, Марко Трајковиќ, Нина Максимова, Жарко Јовановиќ, Никица Јанковски и Анастасија Величковиќ. Сценографијата на двете претстави е на сценографот Крсто Богојевски, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Кумановскиот театар очекува многубројна публика, која ќе ужива во двете престави кои ги изработи кумановскиот театар 2021 и 2022 година, кои предизивикаа интерес и кај кумановската публика.

Исто така по повод 75 години од Театар Куманово што го одбележуваме оваа 2023 година очекуваме во следниов период и возвратна посета и гостување на Театар Штип во Куманово, изјави Тодоровски.

Ова е прво гостување на театар Куманово за годинава, предвидено се гостувања во Струмица, Велес, Крива Паланка и со детски претстави, драми, комедии. Кумановскиот театар ќе гостува и во земјите од соседството. ам/цр

Остани поврзан