• среда, 17 декември 2025

Куманово по петти пат ќе биде дел од „Генералка викенд“, ќе се чисти кај спортската сала и базенот

Куманово по петти пат ќе биде дел од „Генералка викенд“, ќе се чисти кај спортската сала и базенот

Куманово, 8 мај 2025 (МИА) - Куманово по петти пат ќе биде дел од „Генералка викенд“, информираа денеска од општината и го повикаа граѓаните да се приклучат на акцијата која ќе се одржи кај градскиот базен и спортската сала. Општината преку секторот за животна средина упатила покани до средните училишта од градот, граѓански здруженија и институции.

- Очекуваме интерес од сите. Куманово учествува по петти пат во акцијата и една од првите општини кои беа вклучени. Покрај волонтерите, тука се и екипите од ЈП „Чистота и Зеленило“ кои ќе го депонираат сметот, изјави денеска советник од одделение за животна средина, Александра Георгиевска Протиќ.

Планирано е во акцијата да биде опфатен просторот од зад објектот од градинката „Ангел Шајче“, зелените површини зад спортската сала и околу градскиот базен.

- Претходните години имавме одлични акции со солидно собрани количини на смет. Очекуваме да се повтори и годинава, изјави Георгиевска Протиќ.

Волонтерска акција од граѓаните за граѓаните создадена од „Мен енд Маунтен“ поддржана и од ЗЕЛС, Црвен крст и Министерство за животна средина и бројни општествено одговорни компании. ам/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан