• вторник, 24 декември 2024

Кумановец заглавен во тиња и кал, пожарникарите три часа го извлекувале

Кумановец заглавен во тиња и кал, пожарникарите три часа го извлекувале

Куманово, 8 јули 2024 (МИА) - Кумановец пропаднал во тиња и кал во близина на реката Пчиња, а утрово бил извлечен од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи и од ТППЕ Куманово.

Кумановските пожарникари повикот го добиле во 03: 13 часот утрово. Екипа предводена од командирот на смена, Сашо Илиевски, се упатила на местото покрај течението на рекажа Пчиња помеѓу кумановските села Студена Бара и Пчиња.

- Веднаш по добивањето на повикот од риболовец кој слушнал дека човекот е заглавен во калта и тињата се упативме на местото. Но, теренот е доста непристапен и моравме да одиме помеѓу дрвја, гранки, грмушки. Се приближвме, го видовме човекот кој речиси до глава беше во калта, тињата, успеваме да го извадиме човекот и со носила да го однесеме до екипата на Итна помош, изјави командирот на смена од ТППЕ Куманово кој го предводеше тимот, Сашо Илиевски.

Акцијата траеле околу три часа. Самото место било невообичаено како „жив“ песок, кал тиња, човекот колку и да се обидувал да се извлече, пропаѓал.

- Сме слушнале од риболовци за вакви места. Упатуваме апел до граѓаните да внимаваат кога одат покрај вакви локации. Извлекувањето траеше долго, бидејќи самиот предел беше доста тежок за пробивање, грмушки, моравме со опрема полека да се движиме, на неколку места ја поминувавме реката. Отидовме на локацијата, риболовецот ни го покажа патот. За назад беше исто така предизвикувачки, го врзавме со јаже, го легнавме на страна, разговараме со него за да остане компатибилен, го посипувавме со вода, пиеше, на носила го извлекуваме, тимски и етапно, рече Илиевски.

Екипа на Итна помош првично интервенирала, подоцна како што информираше директорката на кумановската болница, Биљана Илиевска е прегледан на хирургија и на интерно одделение и сега е пуштен на домашно лекување. ам/цр


Фото: ЦУК и МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан