Културната соработка во фокус на средбата на министерот Љутков со претставници на Шпанско-македонското културно здружение „Сонце“
- Во рамките на саемското претставување на Македонија на меѓународниот саем за туризам FITUR 2026 во Мадрид, министерот за култура и туризам Зоран Љутков оствари средба со претставници на Шпанско-македонското културно здружение „Сонце“.
Скопје, 24 јануари 2026 (МИА) - Во рамките на саемското претставување на Македонија на меѓународниот саем за туризам FITUR 2026 во Мадрид, министерот за култура и туризам Зоран Љутков оствари средба со претставници на Шпанско-македонското културно здружение „Сонце“.
Средбата, информираат од Министерството за култура и туризам, беше посветена на унапредување на културната соработка меѓу Македонија и Кралството Шпанија, со акцент на јакнење на културната размена, промоција на македонското културно наследство и продлабочување на меѓусебното разбирање меѓу двата народа. Беа разменети искуства и можности за реализација на заеднички културни иницијативи и проекти.
-Шпанско-македонското културно здружение „Сонце“, предводено од претседателката Оливера Лазаревска Санчез, активно работи на афирмација на македонската култура, традиција и идентитет во Шпанија, претставувајќи значаен мост на културна комуникација меѓу двете земји. Во таа насока, средбата отвори простор за унапредување на соработката преку реализација на културни настани, презентации и активности кои придонесуваат за поголема видливост на македонската култура и културното наследство, соопшти Министерството.

Целта на ваквите активности , се наведува во соопштението, е зајакнување на културните врски меѓу Македонија и Шпанија, поттикнување на културниот дијалог и создавање одржлива основа за долгорочна соработка, при што културата се препознава како клучен двигател на меѓусебното поврзување.вј/
Фото: Министерство за култура и туризам