• среда, 25 декември 2024

Кулминира топлотниот бран во Грција, пет часа затворени археолошките локалитети во Атина

Кулминира топлотниот бран во Грција, пет часа затворени археолошките локалитети во Атина

Атина, 13 јуни 2024 (МИА) – Археолошките локалитети во Атина, меѓу кои и Акропол во периодот од 12 до 17 часот, ќе бидат затворени поради високите температури, а во текот на денешниот ден, според метеоролозите, ќе кулминира топлотниот бран, јави дописничката на МИА од Атина.

Во повеќе делови на Грција, прогнозите се дека температурата ќе биде над 40 степени.

Од Министерството за култура утрово соопштија дека археолошките локалитети пет часа ќе бидат затворени и препорачаа при посета на археолошките локалитети, „посетителите да ги преземат неопходните мерки на заштита за да избегнат здравствени проблеми како топлотна исцрпеност и топлотен удар“.

Поради високите температури, Акропол и вчера беше затворен од 12 до 17 часот. ср/

Остани поврзан