Кузеска: Пресудата во случајот Талир 2 е победа на правдата
- Пресудата во случајот Талир 2 е победа на правдата врз најголемите корупциски скандали во државата и потврда за епските размери на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 9 јуни 2022
Пресудата во случајот Талир 2 е победа на правдата врз најголемите корупциски скандали во државата и потврда за епските размери на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
Исправена е уште една неправда нанесена врз грбот на граѓаните.
Судот со судска пресуда наложи заплена на луксузното седиште на ВМРО-ДПМНЕ и докажа дека Белиот дворец е стекнат на незаконски, криминален начин, со пари украдени од граѓаните.
Не само Белиот дворец, запленет е и друг криминално стекнат имот на ВМРО-ДПМНЕ низ 30 тина градови во земјава.
Криминалната шема на ВМРО-ДПМНЕ е грабај од граѓаните и трупај за себе, за партијата. И така 11 години.
Додека граѓаните во тој период тешко живееја, ВМРО-ДПМНЕ си ја опремувало Белата плата со прескапи луксузи, со плочки од 100.000 евра, паркет од 76.000 евра, вазна од 180.000 евра.
ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се водела од интересот на граѓаните и се што правела правела само за партијата. Така е до денеска. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата криминална партија.
Сега, по правосилноста на пресудата, се отвора можноста запленетиот имот да се продаде или да се пренамени. Парите и имотот треба да се вратат кај оние од коишто се земени, а тоа е се граѓаните.
Ова е правично и праведно, затоа што тоа се пари кои биле украдени од граѓаните.
Ова е потврда за криминалот и корупцијата, дрското кршење на законите, за обидот на ВМРО-ДПМНЕ да се стави над сѐ, над Уставот, државата и граѓаните.
Наместо да се измислиуваат оправдувања и вината да ја бараат на друго место, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да се извинат.
Да се извинат се целиот криминал, за грабежот што го направиле врз граѓаните и да побараат одговорност од секој што е вмешан во овој случај.
Мицкоски треба да собере храброст и да се соочи со реалноста дека правда има и правда мора да има. Секој што го прекршил законот мора да одговара, а парите да се вратат назад, кај граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ, прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.