• среда, 27 ноември 2024

Крстовски: Будно ја следиме состојбата со набавката на „трикафта“

Крстовски: Будно ја следиме состојбата со набавката на „трикафта“

Скопје, 16 февруари 2023 (МИА) - Тековно се преговара со производителот на лекот „трикафта“. Од комисијата при Министерството за здравство, задолжена за неговото набавување, нѐ уверија дека што повеќе пациенти ќе го добијат лекот со оваа прва интервентна набавка. Интервентниот увоз зависи од производителот на лекот, мислам дека тој рок што го кажаа оттаму е околу триесет дена, информираше денеска за МИА, Бојан Крстовски, член на надзорен одбор на Асоцијацијата за цистична фиброза, по средбата во Министерството за здравство.

Во меѓувреме, се работело на законските измени, по пример од други држави, по што ќе следувала тригодишна програма, за лек да стаса до сите пациенти со оваа ретка болест, на кои им е неопходен.

Барањата на Асоцијацијата со кои се отишло на средбата, биле, да се дефинира бројката на пациенти што ќе го добијат лекот со интервентниот увоз, да се каже до каде е работата со законските измени и до каде е имплементацијата на програмата за сите пациенти.

Крстовски најави нова средба за утре на претставници на Асоцијацијата и на Комисијата за набавка на лекот. Во меѓувреме, продолжува следење на процесот на промена на законите. Тој апелираше сите пратеници да застанат зад измените на законите и нагласи дека будно ја следат ситуацијата околу набавката на лекот. бд/лв/

Остани поврзан