• петок, 05 декември 2025

Крсманчиќ ги засили редовите на ГРК Охрид

Крсманчиќ ги засили редовите на ГРК Охрид

Охрид, 13.октомври 2025 (МИА) – По обезбедениот пласман во третата рунда од ЕХФ Европскиот куп македонскиот ракометен суперлигаш ГРК Охрид продолжи со засилувањата. Српскиот интернационалец Младен Крсманчиќ ќе биде дел од „Гладијаторите“ минимум следните 8 месеци. Крсманчиќ има 33 години и игра на позицијата среден бек.

Крсманчиќ претходната сезона имаше одлични настапи за Вардар 1961, а пред тоа настапувал за Чургу (Унгарија), Анаитасуна (Шпанија) како и за српските екипи Југовиќ, Слога и Железничар. Искусниот среден бек има настапи за репрезентацијата на Србија за сениорскиот тим и сите младински категории.

-  Мило ми е што станав дел од ГРК Охрид во моментот кога амбициите на клубот растат. Многу ми се допаѓа визијата на клубот и ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата која ми е пружена. Се надевам во наредниот период РК Охрид ќе испише историски успеси и во домашното првенство и на европската сцена како би ги израдувале нашите навивачи, изјави Крсманчиќ.

ГРК Охрид во моментов по седум одиграни натпревари во Супер лигата се наоѓа на четвртото место со 9 бодови, колку што имаат првакот Еурофарм Пелистер и Бутел. мн/

Фото: Фејсбук ГРК Охрид

Остани поврзан