• сабота, 06 декември 2025

Крис Пол: Не зборувам со Харден

Крис Пол: Не зборувам со Харден
Орландо, 19 август 2020 (МИА) - Плејмејкерот на Оклахома, Крис Пол, ги коментираше неговите односи со Џејмс Харден. Двајцата беа соиграчи две сезони во тимот на Хјустон - во 17/18 и 18/19, но поради разликите во нивните стилови, што доведе до полемики, 35-годишниот ветеран беше испратен во Оклахома, а Расел Вестбрук дојде во спротивна насока. - Јас не разговарам или комуницирам со него на кој било начин, но нашата врска е добра. Му посакувам се најдобро. Понекогаш вашите соиграчи се такви одреден временски период, тогаш си посакувате здравје и среќа и тргнувате по различни патеки. Тоа не значи дека треба да бидете непријатели, рече Пол пред натпреварот Тандер-Рокетс, кој заврши со победа од 108-123 за Харден и неговиот тим.

Тагови

Остани поврзан