Крис Павловски од „Рамбл“ донирал милион денари за семејствата на настраданите во Кочани
- Kрис Павловски, основач и извршен директор на „Рамбл“ и член на Управниот одбор на Македонија2025, канаѓанец со македонско потекло, на социјалните мрежи објави дека на Црвениот крст донирал еден милион денари за настраданите во трагедијата во Кочани.

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Kрис Павловски, основач и извршен директор на „Рамбл“ и член на Управниот одбор на Македонија2025, канаѓанец со македонско потекло, на социјалните мрежи објави дека донирал еден милион денари за настраданите во трагедијата во Кочани.
- Срцето ми чука за сите семејства и пријатели на починатите во Македонија. 59 луѓе загинаа и повеќе од 100 се повредени во пожар, повеќето деца на возраст од 14 до 20 години. Лично донирав милион денари во Црвениот крст на Македонија за поддршка на семејствата и настраданите, напиша Павловски на социјалните мрежи.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, а повеќе од 150 се повредени. ев/бак/
Фото: Архива