• сабота, 23 ноември 2024

Кривична пријава за стружанка која ги принудувала децата да питачат во Дебар

Кривична пријава за стружанка која ги принудувала децата да питачат во Дебар

Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - Кривична пријава е поднесена против стружанка, поради сомнение дека ги присилила нејзините деца да питачат во Дебар, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

- ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Н., на возраст од 38 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавената, со запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување, своите три малолетни деца ги присилила да питачат во Дебар, се појаснува во соопштението. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан