• среда, 27 ноември 2024

Кривична пријава за скопјанец осомничен за изнуда

Кривична пријава за скопјанец осомничен за изнуда

Скопје, 11 март 2023 (МИА) - Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Изнуда“ казниво по член 258 од Кривичниот законик, полициски службеници од Одделение за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ј.(38) од Скопје. 

Како што соопшти МВР, 38-годишниот маж е приведен вчера, во 11.10 часот на подрачје на Кисела Вода постапувајќи по пријава на 20.02.2023 во 19.00 часот од оштетено машко лице од Скопје дека во временскиот период од август 2022 година до 20.02.2023 пријавениот И.Ј. со закани во неколку наврати му изнудил 2.000.000 денари поради претходен долг на неговиот син.

Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. вг/

Остани поврзан