• среда, 27 ноември 2024

Кривична пријава за скопјанец за измама на Црковен одбор во Дебарско

Кривична пријава за скопјанец за измама на Црковен одбор во Дебарско
Дебар, 14 ноември 2022 (МИА) - Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против скопјанец заради измама на Црковен одбор. - ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.А.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Тој, на 29 јули и на трети август годинава од претставници на Црковен одбор во близина на Дебар побарал и добил пари за изведување градежни работи во црковен комплекс, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид. Додаде дека С.А, не постапил по склучениот договор за почеток на градежните активности.  вт/цр

Остани поврзан