• среда, 27 ноември 2024

Кривична пријава за обид за убиство, одредена мерка притвор

Кривична пријава за обид за убиство, одредена мерка притвор

Скопје, 10 март 2024 (МИА) - Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за обид за убиство против пет лица во врска со кривично правен настан на 8 март околу 19 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, кога пет лица со остар и тврд предмет го нападнале М.А.(33) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди. 

-Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје и С.Е.(30), И.Е.(27), Х.Е.(48), Б.Е.(23), сите од Скопје, се лишени од слобода, а денеска и Ј.Б.(20) од Скопје е лишен од слобода, соопшти денеска МВР.

Во координација со ОЈО Скопје од страна на ЕНК-ОКСД при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка на лицата С.Е. и Х.Е. им е определена мерка притвор во времетраење од 30 дена, додека пак на лицата И.Е. и Б.Е. определена им е мерка домашен притвор. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан