• петок, 05 декември 2025

Кривична пријава за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“

Кривична пријава за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“

Велес, 14 јули 2025 (МИА) - ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против 37 годишиот  М.Н. од Кавадарци  поради постоење основи за сомнение за сторени шест кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, две кривични дела „тешка кражба во обид” по член 236 став во врска со член19  од Кривичниот законик, информира попладнево од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаовска.

Имено, М.Н. во периодот од 12 април до 26 мај годинава  со употреба на подесен алат, од фризерски салони, трафика и кафемат во Кавадарци одзел пари и цигари и на тој начин предизвикал материјална  штета од околу 248 илјади денари. ад/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан