• вторник, 24 декември 2024

Кривична пријава за жител на Новак кој вршел превоз на патници без соодветна документација

Кривична пријава за жител на Новак кој вршел превоз на патници без соодветна документација
Дебар, 18 февруари 2022 (МИА) - Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против С.Н.(44) од селото Новак-општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. -При контрола извршена на 11 месецов, полициските службеници на главната улица „8 Септември“ во Дебар, сопреле патничко возило „Мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, управуван од пријавениот. Притоа, констатирале дека тој врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна потребна документација, издадена од надлежен државен орган за вршење превоз на патници во внатрешниот сообраќај, потврди Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. Додава дека продолжуваат сообраќајни контроли на подрачјето на Дебар и Центар Жупа, кои се под надлежност на дебарското одделение за внатрешни работи. -Во текот на вчерашниот ден на ова подрачје извршени се сообраќајни контроли кон автобуси и други моторни возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, три автобуси се упатени на вонреден технички преглед при што, кај два се констатирани технички неисправности на уредот за сопирање. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај по што, соодветно се санкционирани, посочува Димоски. Најавува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигнување на безбедносната култура кај возачите за целосно придржување до поставената патна сигнализација.вт/бт/

Остани поврзан