• недела, 15 декември 2024

Кривична пријава за жител на Могорче за злоупотреба на лични податоци

Кривична пријава за жител на Могорче за злоупотреба на лични податоци

Дебар, 9 декември 2024 (МИА) - Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична против жител на село Могорче поради „злоупотреба на лични податоци“.

- Кривична пријава е поднесена против Ќ.М.(22) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид.

Како што соопшти,  Ќ.М. на 11 март годинава влегол во канцеларијата на експозитура за брзи кредити и доставил возачка дозвола од друго лице со која сакал неовластено да подигне пари. вт/хс/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан