• сабота, 21 декември 2024

Белгиската кралица Матилда се сретна со македонскиот тим кој освои бронза на Европскиот квиз на парите

Белгиската кралица Матилда се сретна со македонскиот тим кој освои бронза на Европскиот квиз на парите

Скопје, 23 април 2024 (МИА) - Нашите претставници на Европскиот квиз на парите, учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски, кои го освоија третото место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост, остварија средба со Нејзиното Височество, кралицата Матилда од Белгија, информираат од Македонската банкарска асоцијација.

Кралицата Матилда од Белгија која присуствувала на церемонијата на доделувањето награди на Европскиот квиз на парите, одржала интерактивна средба со првите три победнички тимови – Австрија, Чешка и македонскиот тим. Средбата со кралицата Матилда, како што велат од Македонската банкарска асоцијација, бил значаен момент на признание за учениците, кој ќе биде инспирација за уште поголеми постигнувања и напредок во иднината.

Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, велат оттаму, ќе  продолжи да ја поддржува и промовира финансиската едукација како клучен елемент за успешната и независна иднина на младите луѓе. сст/са/

фото Македонска банкарска асоцијација

 

Остани поврзан