• сабота, 23 ноември 2024

Коњановски: Посветено ќе се работи на гасификацијата и топлификацијата, како и Битола да стане туристичка дестинација во светски рамки

Коњановски: Посветено ќе се работи на гасификацијата и топлификацијата, како и Битола да стане туристичка дестинација во светски рамки

Скопје, 29 октомври 2021 (МИА) - Верувам дека заедно со вас може да го запреме уназадувањето на Битола, гарантирам дека Битола може да биде економски развиена, да има нови работни места, младите да останат тука, да има многу зеленило, гарантирам повеќе места во градинките, за повозрасните не само што ќе обезбедиме нови капацитети, туку и соодветни услови во постоечките објекети, рече кандидатот за градоначалник за Битола, Тони Коњановски на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот завршен митинг.

Коњановски вети и здрава животна среднина и кажа дека посветено ќе се работи на гасификацијата и топлификацијата, како и на тоа Битола да стане туристичка дестинација во светски рамки, рамноправен партнер со европските збратимени градови.

- Ветувам и гарантирам седум работи. Гарантирам директно граѓанско учество во распределување на општинскиот буџет, јас како лекар знам да ги слушам граѓаните. Отвореност, чесност и работа се принципи по кои ќе работам, потоа почитувам стручност и компетентност, гарантирам дека вие го носите прогресот, не само во Битола, туку и во Македонија, ќе победи нашата Битола, џабе им се скапите кампањи, нема да им помогне поткупот, притосоките кои се засилија. Ние не се плашиме зошто во недела победуваме, зошто победува Битола, рече Коњановски.фф/цр

Остани поврзан