• среда, 25 декември 2024

Коциќ: Поднесуваме амандман ДДВ-то за пелети да биде 5 отсто

Коциќ: Поднесуваме амандман ДДВ-то за пелети да биде 5 отсто

Скопје, 20 јули 2023

Со цел да го зачуваме економскиот стандард на граѓаните, но и здравата животна средина како пратеници од владејачкото мнозинство, поднесовме амандман на Предлог на Законот за данок на додадена вредност со кој во членот 11 ставот 5 се брише.

Поточно, со таквиот амандман се предлага стапката на ДДВ за пелети за домаќинства да остане на 5 отсто и да не се зголемува.

Сметаме дека греењето на пелети има позитивно влијание во намалување на домаќинствата што се греат на огревно дрво, а со тоа и намалување на аерозагадувањето, заштита на животната средина и заштита на шумскиот фонд на државата.

Го слушаме гласот на граѓаните, продолжуваме да работиме во нивен интерес и да носиме мерки и решенија што го унапредуваат квалитетот на живот на секој поединец.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ, прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Принтскрин

Остани поврзан