• среда, 17 декември 2025

Кос: Спроведување реформи - најдобриот излез од кризата во Србија

Кос: Спроведување реформи - најдобриот излез од кризата во Србија

Белград, 3 јуни 2025 (МИА) - Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изјави дека најдобриот излез од моменталната политичка криза во Србија е спроведување на инклузивни реформи, особено кога станува збор за медиумите и изборниот процес.

Обраќајќи се пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, таа рече дека е направен првиот чекор, со постапката за избор на Регулаторно тело за електронски медиуми (РЕМ), пренесоа белградски медиуми.

„Но, вистинскиот напредок во Србија зависи од враќањето на јавната доверба и вклучувањето на сите заинтересирани страни. Му кажав и на претседателот Вучиќ дека неговата посета на Москва испраќа погрешен сигнал и ги комплицира нашите напори да се залагаме за Србија“, рече Кос.

Таа истакна дека Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија се примери за успешни реформи и додаде и дека постои реална шанса уште една или две земји да станат членки на ЕУ за време на овој мандат. зш/

фото ЕПА

Остани поврзан