Костадинов ги информираше претставниците на американската амбасада за проблемот со водата за пиење во Струмица
- Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска беше домаќин на претставници на Амбасадата на САД во нашата земја предводени од Кели Мекејлеб офицер за политички прашања во Амбасадата и нејзините соработници.
Струмица, 5 ноември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска беше домаќин на претставници на Амбасадата на САД во нашата земја предводени од Кели Мекејлеб офицер за политички прашања во Амбасадата и нејзините соработници. На средбата посебен акцент бил ставен на предизвиците со коишто се соочуваше и се уште се соочува Општина Струмицаво последниот месец, како што се водата за пиење и недобивањето средства за новиот градски пазар од унгарскиот кредит, информираа од локалната самоуправа.
- Претставниците на Амбасадата се интересираа, а градоначалникот Костадинов детално ги информираше за голготата со водата којашто Општината и ЈПКД „Комуналец“ ја поминаа исклучиво сами и без никаков интерес и поддршка од владините институции иако тие имаат надлежности, како и за тоа дека Струмица остана единствена општина којашто не само што не доби средства, туку остана и без писмено известување зошто е одбиена од унгарскиот кредит иако и струмичани ќе ја имаат обврската за неговото враќање. При тоа градоначалникот им ги објасни и причините за подигањето на алармот во ЗЕЛС, се наведува во информацијата од Општина Струмица.
Се додава дека струмичкиот градоначалник и се заблагодарил на Мекејлеб за покажаниот интерес и дадената поддршка на Струмица и струмичани во време кога тие се соочуваат со сериозни предизвици и сами бараат и наоѓаат решенија за нив. рт/цр
Фото: Општина Струмица