Костадиновски: Трошоците за реперезентација сведени на нула, парите пренасочени кон учениците
- Секое прваче во основно училиште во Виница денеска доби 3000 денари, што како финансиска подршка ги исплати Општинската администрација. Од наредната година оваа мерка ќе биде зголемена на 5.000 денари.
Виница,14 јануари 2024 (МИА) - Секое прваче во основно училиште во Виница денеска доби 3000 денари, што како финансиска подршка ги исплати Општинската администрација. Од наредната година оваа мерка ќе биде зголемена на 5.000 денари.
-Дополнително ќе ја зголемиме и финансиската поддршка за освоени први, втори и трети места на учениците на државни натпревари од 3.000 до 5.000 денари во зависност од пласманот на училишните натпревари, најави градоначалникот Митко Костадиновски.
Годинава за прв пат Општина Виница воведе и финансиска поддршка од 6.000 денари за секое новороденче, откако претходно Советот донесе соодветен Правилник. Оваа мерка веќе стапи на сила и граѓаните почнаа да ја користат.
-Зголемувањето на средствата за дел од овие мерки и воведување на новини во финансиската подршка ги обезбедивме со сведување на трошоците за репрезентации на нула денари, со намалување на трошоците за службени телефони и намалување на трошоците за гориво на службените возила, соопшти градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски. ис/
Фото: МИА