• петок, 05 декември 2025

Концерт на Дејан Лазаревски во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Делчево

Концерт на Дејан Лазаревски во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Делчево

Делчево, 5 септември 2025 (МИА) - Во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Делчево – 7 Септември и Денот на независноста на Македонија – 8 Септември, вечерва во фоајето на Спомен-домот во Делчево се одржа концерт на соло-гитара на Дејан Лазаревски.

Пред бројната публика Лазаревски се претстави со разновидна програма составена од дела на познати светски автори, меѓу кои композиции од класичната, но и од современата музичка литература за гитара. Со својот впечатлив настап, уметникот успеа да создаде топла и интимна атмосфера, која публиката ја награди со аплаузи.

Лазаревски истакна дека за него претставува особена чест и задоволство што по втор пат настапува во Делчево. 

-Секој настап овде е уникатно доживување. Делчевската публика е отворена и искрено реагира на музиката, што мене како уметник ме исполнува и мотивира, изјави тој по концертот.

Организатор на настанот беше Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево. Директорот на установата, Златко Начовски нагласи дека Центарот и во иднина ќе продолжи да организира вакви културни содржини. 

-Нашата цел е да ја доближиме класичната музика и уметноста до пошироката публика и да создадеме традиција на вакви концерти во Делчево, рече Начовски.

Концертот е дел од програмата со која Делчево ги одбележува двата значајни празника – 7 Септември, Денот на ослободувањето на градот и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија. вс/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан