• среда, 25 декември 2024

Конференција „Skill4FutureWeek”: Патот кон транформациски промени

Конференција „Skill4FutureWeek”: Патот кон транформациски промени
Скопје, 22 март 2022 (МИА) - Развојот на новите технологии во светот ги менува економиите, бизнисите и работните места, но, создава и нови, за што е потребна се поголема дигитална писменост. Затоа, неопходно е на локално, национално и глобално ниво да се работи во насока на зголемување на дигиталната писменост и вештини, со цел полесна дигитална трансформација и справување со предизвиците на новото време. Ова се пораките што ги упатија учесниците на почетокот на тридневната конференција „Skill4FutureWeek” : Патот кон транформациски промени. -Светот се повеќе се потпира на техниките и технологиите кои постојано се равиваат и унапредуваат и затоа паралелно со светските достигнувања интензивно се креираат и вештини кои стануваат се повеќе барани на пазарот на трудот.  Велат дека човештвото влегува во четврата индустриска револуција и дека паметните технологии доведуваат до низа промени во целокупното наше живеење. Најголеми сведоци на ваквиот процес се економијата и пазарот на трудот бидејќи новите работни места на 21 век бараат нови знаења и вештини како што е дигиталната писменост, рече во обраќањето на конференцијата министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Затоа, додаде таа, државата и во оперативниот план за мерки за вработување има здвоено значителни средства за обуку за неврабтени лица кои ќе се стекнат со напредни ИТ вештини. На овој начин, додаде, им овозможуваме да се стекнат со знаења не само да можат полесно да се вработат, туку да добијат добро платено работно место. Дополнително, нагласи министерката, се работи на национална ИКТ стратегија 2021-2025, која, како што рече, се фокусира на утврдување на приоритетните области на ИКТ секторот. -Таа се фокусира на соочување со предизвиците што ги наметнува се поголемата потреба од поврзување со општеството зајакнување на конкурентноста и овозможување секојдневниот живот на граѓаните и бизнисите да станат попаметни, истакна Тренчевска. Џулија Смит, заменик шеф на мисијата на Британската амбасада во Скопје смета дека е од исклучителна важност унапредувањето на употребата на технологијата. -Значителен дел од стратегијата се фокусира врз развивање на човечкиот капитал затоа што тоа е нашата иднина. Тоа е нешто што младите во земјава имаат потреба да го научат за да одговорат на економските барања на иднината. Нема сомнение дека дигиталното е нашата иднина, рече Смит. Според Менсур Диаје од Централата на УНДП во Њујорк, светот во целина се менува и во иднина ќе се јави потреба од вештини за нови работни места кои ќе се креираат согласно тие промени. Затоа, нагласи, треба да се потенцира дека ќе треба да се знае оти дигиталната трансфорнација ќе има голема улога во иднината и така ќе треба да се постават приоритетите. Потребно се, основни обуки и услуги на поддршка за да ги адаптираме капацитетите и вештините за да се овозможи квалитет на бизнисот. Постојаниот преставник на УНДП во државата, Армен Григорјан, во обраќањето истакна дека создавањето можности за работа е еден од приоритетите на УНДП во земјата преку нови модели за учење и дигитални вештини кои, како што истакна, ќе ги активираат, оспособат и поддржат различните групи кои ќе доведат до поголем успех инклузија активирање на пазарот на трудот. -Многу ќе се согласат дека дигитализацијата ќе продолжи да ги преобликува поединците и ентитетите да одговорат на се поголемите предизвици со кои се соочува нашиот свет, истакна Григоријан. Конференцијата се реализира во рамките на проектот „Премостување на јазот кај дигиталните вештини за создавање нови и подобри работни места“ поддржан од Британската амбасада во Скопје. Во рамките на проектот, во изминатите две години околу 400 професионалнци од индустријата, практичари и студенти ќе ги поминат обуките за нови вештини поврзани со новите технологии и користењето на модерните софтверски решенија важни за градежништво, текстил и обновливи извори на енергија организирани од новоформираниот Центар за нови вештини #SkillsNext при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. сст/дма/

Остани поврзан