Конференција „Најдобри општински практики од Германија“
- Во Центарот за обука при Секретаријатот за европски прашања денеска ќе се одржи конференцијата „Најдобри општински практики од Германија“ во организација на Програмата „ЕУ за општините“.
![Конференција „Најдобри општински практики од Германија“](https://mia.mk/index.php/images/20230426220352_big_730x400_76.webp )
Скопје, 27 април 2023 (МИА) - Во Центарот за обука при Секретаријатот за европски прашања денеска ќе се одржи конференцијата „Најдобри општински практики од Германија“ во организација на Програмата „ЕУ за општините“.
Како што соопшти СЕП, воведни обраќања на Конференцијата ќе имаат програмскиот менаџер во Делегацијата на ЕУ во Скопје, Карл Џиачинти, и германскиот в.д. амбасадор во земјава Ото Граф.