• вторник, 24 декември 2024

Контроли во угостителски објекти и обложувалници, приведено лице, констатирани 10 прекршоци

Контроли во угостителски објекти и обложувалници, приведено лице, констатирани 10 прекршоци
Скопје, 19 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од Одделот за униформирана полиција на подрачјата на секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Охрид, Куманово, Штип, Велес и Тетово, ноќеска од   00.00 до 04.00 часот, спровеле акциска контрола во угостителски објекти за присуство на малолетници по полноќ,  како и за точење алкохол на малолетници.  -Притоа, на подрачјето на СВР Скопје била извршена контрола во пет спортски обложувалници, а на подрачјето на СВР Велес контролата била спроведена во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, соопшти МВР.  При контролите било констатирано едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје, како и осум прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и еден по Законот за лична карта.  При контрола во казино на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, ноќеска во 2 часот од слобода бил лишен К.М.(41) од Тетово, кај кого била пронајдена бела прашкаста материја. -По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Истовремено, во истото казино, кај лицето А.Ј.(24) од Тетово бил пронајден и одземен нож. Против него ќе има поднесок по член 80 од Законот за оружје, се наведува во соопштението на МВР. хс/ мч/

Остани поврзан