• вторник, 26 ноември 2024

Конте: Историјата ги памети само победниците

Конте: Историјата ги памети само победниците
Келн, 20 август 2020 (МИА) - Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте во пресрет на финалето на Лига Европа против Севиља изјави дека стравот не е дел од неговиот речник и дека има само еден начин да се напише историја, а тоа е да се победи. - Зборот страв не е дел од мојот речник, ниту пак е дел од тој на моите играчи. Ја цениме и ја почитуваме Севиља, но сме во финалето затоа што имаме наши карти, кои треба да ги одиграме, рече Конте на прес-конференција. Фудбалерите на Интер и Севиља ќе го играат финалето на Лигата на Европа утре од 21 часот. - Мора да дадеме се од себе. Имаме помалку искуство во натпреварувањето од нив и тоа им дава предност. Но, има само еден начин да се напише историјата на клубот - да се победи, рече Конте. Конте не сакаше да зборува за својата иднина во миланскиот гигант. - За време на мојата кариера научив да одам ден по ден, да живеам во моментот, да размислувам за сегашниот момент и да го доживеам од секој агол без каење, рече тој. Конте додаде дека нема да биде задоволен од тоа да биде вице-шампион на Лигата на Европа. - Сфатив дека луѓето всушност ги паметат само победниците во финалето. Ја освоив Лигата на шампионите (како играч со Јувентус во 1996 година), но исто така изгубив трипати во финалето, рече Конте.

Тагови

Остани поврзан