Конте: Заслуживме повеќе сезонава во Лигата на шампионите
- Тренерот на Наполи, Антонио Конте, верува дека неговиот тим заслужи да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Неапол, 29 јануари 2026 (МИА) – Тренерот на Наполи, Антонио Конте, верува дека неговиот тим заслужи да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Во последниот натпревар од генералната фаза, наполитанците синоќа загубија со 3:2 дома од Челзи. Наполи заврши на 30. место на табелата и ја заврши својата европска кампања.
- Финалниот натпревар направи разлика. Противниците беа немилосрдни во последната фаза. Но, сепак сме горди на тимот, игравме добро и заслуживме повеќе, рече Конте на прес-конференцијата по натпреварот.
Тој го пофали настапот на својот тим, и покрај конечниот резултат.
- Игравме подобро од светските шампиони и сакавме да се пласираме меѓу најдобрите тимови во Европа. Од она што го видовме, Наполи заслужи да стигне до нокаут фазата, истакна Конте.
Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер сити директно се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тимовите од 9. до 24. место во генералниот пласман ќе играат во плејофот. зс/
Фото: ЕПА