• петок, 30 јануари 2026

Тимо Вернер потпиша за Сан Хозе

Тимо Вернер потпиша за Сан Хозе


Лајпциг, 29 јануари 2026 (МИА) – Германскиот фудбалер Тимо Вернер ги напушти редовите на бундеслигашот Лајпциг и потпиша договор со МЛС лигашот Сан Хозе.
Вернер (29) стави потпис на договор со американскиот клуб до крајот на јуни 2028 година, а финансиските детали не се објавени.
Оваа сезона, Вернер одигра три натпревари за Лајпциг во сезоната 2025/26 на кои влезе од клупата за резерви и на теренот мина скромни 13 минути.
Вернер во кариерата претходно настапуваше за Штутгарт, Челзи и Тотенхем. ег
ФОТО: Архива

Остани поврзан