Попева и Рустемовски најуспешни македонски спортисти за 2025 година
- Во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортските федерации вечерва во Скопје на свечена церемонија се прогласени најдобрите во 71. Избор на „Спортисти на годината 2025“.
Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) – Во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортските федерации вечерва во Скопје на свечена церемонија се прогласени најдобрите во 71. Избор на „Спортисти на годината 2025“.
Добитниците на наградите по категории се:

Ален Рустемовски (бокс) - Спортист на годината. Тој освои 2. место, сребрен медал Европското првенство У23 во Ереван, Ерменија.
Катерина Попева (боди билдинг и фитнес) е Спортистка на 2025 година - Светски шампион 1 место, златен медал СП во фитнес и бодибилдинг , Санта Сусана, Шпанија.

Андреј Стојановски (пливање) - најуспешен спортист со инвалидитет за освоено 6. место на 400 м. мешано на Олимписки игри за глуви и наглуви лица Токио, Јапонија 2025.
Даниелa Алексовска (џиу џицу) - најуспешна Млада спортистка за освоено 1 место, златен медал на ЕП во мешани боречки вештини во Белград, Србија 3 место, бронзен медал на СП во мешани боречки вештини во Тбилиси, Грузија.

Адријан Рустемовски (бокс) - најуспешен Млад спортист за освоено 3. место, бронзен медал на ЕП во Ереван, Ерменија.
Најуспешен женски национален тим – Македонската ракометна сениорска репрезентавција - учество на квалификации за ЕП 2026.

Најуспешен машки национален тим – Македонската одбојкарска репрезентација - пласман на 9 место Европска златна лига и пласман на ЕП 2026.
Могамед Ибрагимов (борење) е најуспешен Тренер/селектор - 5 место СП во Загреб, Хрватска со Владимир Егоров 15 место СП во Загреб, Хрватска со Могомедгаџи Нуров.

Најуспешна национална спортска федерација е Џудо федерацијата на Македонија - Организација ЕП за кадети Скопје, јуни Организација Европски куп за јуниори Скопје, август Организација Европски куп за сениори Скопје, септември. ег/зс/
Фото: МИА